Свет
17. November 2017 - 13:57

Саудиска Арабија склучува договори со затворениците, им нуди слобода за пари

 

Саудиските власти склучуваат договори со некои од затворениците во кампањата за борба против корупцијата, нудејќи им да платат за нивната слобода.

Еден бизнисмен потпиша сличен договор, и од неговата банкарска сметка се повлеченидесетици милиони саудиски риали. Во друг случај, поранешен висок функционер префрлил акции во вредност од 4 милијарди риали, информира неименуван извор.

Претходно оваа недела, саудиската влада издаде инструкции за запленување на имотите, кои пред тоа беа замрзнати во рамките на кампањата против корупцијата, која што досега се уапсени  десетици принцови, високи функционери и бизнисмени, меѓу кои и членови на владата и милијардери.