Сашко Ковачки го фати крстот во Делчево
Дваесетина млади момчиња денеска во реката Брегалница во центарот на Делчево скокнаа по светиот крст на традиционалниот чин на осветување на водите на реката Брегалница. Најсреќен меѓу нив беше дваесет и двегодишниот Сашко Ковачки, вработен во текстилна фабрика во Делчево кој по четврти пат се фрла во водите на Брегалница по светиот крст.
- Еве по четврти пат имав среќа. За мене ова е една убава традиција и посакувам Бога на сите да дава многу среќа, здравје и бериќет во новата година, рече Ковачки.
На среќниот фаќач на светиот крст компанијата „Зегин“ му даруваше бањарка и телевизор ЛЦД, додека градоначланикот на Делчево, Дарко Шехтански му додели 10.000 денари.
- Јас му посакувам на ова момче многу здравје и среќа во животот, а на сите верници од правослана вероисповед им го честитам празникот со желби за личен успех и здравје. Општина Делчево секоја година по традиција доделува парични средства со цел среќниот фаќач на светиот крст да си го одбере она што му е најпотребно, рече Шехтански.
На чинот на осветување на водите на Брегалница и покрај студеното и снежно време присуствуваа неколку стотина граѓани на Делчево.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација