Сашко Богески го уби крадецот што провали во неговиот стан: На суд ја објавија снимката од неговата жена како ја моли полицијата за помош
Сашко Богески кој во мај 2013 година во својот стан во Белград го уби провалникот Владимир Маниќ, вчера пред Вишиот суд во Белград остана при својата одбрана дека таа ноќ само се обидел да го заштити своето семејство и себе.
Да потсетиме, во завршната фаза од судењето, покрај изнесувањето на завршните зборови пред донесувањето на пресудата, обвинителството одлучи Богески повеќе да не го товари за убиство, туку за пречекорување на нужната одбрана.
-Останувам при одбраната која претходно ја изнесов, рече вчера Богески. На почетокот на судењето тој детално опиша како таа вечер седел во дневната соба кога исплашената сопруга му пришла и му рекла дека во станот имаат провалник.
-Се преплашив. Отидов до кујната, зедов нож да го заштитам семејството и себе. Додека се движев низ станот, наеднаш лицето ми го осветли светло од телефон или батериска лампа. Видов како кон мојата глава оди нешто остро. Тогаш почнав да замавнувам со ножот, раскажа Богески како дошло до тоа човекот кој му влегол во станот да го убие со кујнски нож.
На судот денеска како последен доказ се изведени две аудио снимки од повикот на неговата сопруга Ира, упатени до полицијата. На првиот се слуша како и објаснува на полицијата дека има провалник во станот и итно да испратат патрола, додека во другиот разговор моли за помош.
-Ве молам, некој ни провалува во станот, ве повикав веќе. Дали испративте некој, Треба ли да не убијат сите?, се слуша гласот на жената.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок