Џет-Сет
17. February 2018 - 11:51

Саша Поповиќ од многумина направи ѕвезди, но не и од својата жена- таа прв пат се огласи за ова

Саша Поповиќ како директор на Гранд направи кариера на многумина и од нив направи успешни, големи и богати ѕвезди, но не и од својата сопруга Сузана Јовановиќ со која долго е во брак.

Тие се заедно две децении и имаат 18-годишна ќерка, а Сузана има и син кој Саша го има прифатено како свој.

Кога стапија во брак Сузана пееше, но брзо стави точка на кариерата. Таа конечно се огласи на таа тема:

– Има многу активни пејачи, јас престанав активно да пејам и си се посветив на семејството. Кога се роди ќерка ни по бомбаррдирањето, сакав да ја земам улогата на мајка, така и сторив. Никогаш не зажалив, рече таа и ја затвори устата на сите кои за ова прашање го обвинуваа Саша.