Џет-Сет
13. February 2017 - 15:53

Саша Ковачевиќ го прекина молкот: Отворено проговори за раскинувањето со Јована

Веста дека девојката на Саша Ковачевиќ се иссели од неговиот стан, па потоа тој со мајка си и братот отпатувал на Тајланд, дополнително ги подгреа приказните за разделбата. Саша досега не зборуваше за тоа, а фановите знаат дека тој ретко зборува за својот приватен живот.

Сепак овој пат откри дека со девојките не сакал да се појавува во јавност зошто не сакал да ги експонира своите партнерки. Сега кога е соло, посветен е само на кариерата.

Foto: Printskrin/Instagram

"Точно така, многу се пишуваше за мојот приватен живот, но како што и до сега се трудев, не сакам својот приватен живот да го ставам во прв план. Свесен сум дека сум јавна личност и дека тоа е неизбежно. Ова е период кога ми е во прв план кариерата и сега ќе се посветам на работа на новите песни максимално. Брат ми и јас ги работевме со месеци“, рече тој.