Живот
27. јуни 2017 - 14:48

Саша Броз: "Да ја види дедо ми Хрватска денес сам би го отстранил своето име од плоштадот"

Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ вчера објави дека има во план плоштадот „Маршал Тито“ да го преименува во Плоштад на Република Хрватска. Овој потег има за цел купување на гласови во Градското собрание, а предизвикал жестоки реакции на јавноста.

Меѓу оние кои се огласиле на тоа е и внуката на Јосип Броз Тито.

На својот Фејсбук профил таа објавила статус во кој вели дека Тито и самиот би го отстранил неговото име од плоштадот доколку види како изгледа денес:

-„Како прво драги мои пријатели, сакам на сите да ви се извинам, бидејќи оние кои ги одбравме се занимаваат со нас/вас, туку со човекот кој е мртов веќе 37 години. Искрено ми е жал што очигледно квалитетот на животот во метропола е помалку важен од името на еден плоштад. Лоботомија на луѓе не можеш да направиш со забрани, бидејќи луѓето знаат како се вика тој плоштад и зошто. Носталгичните можат да прошетаат и по британските плоштади и улици во соседството или да одат и подалеку од Кипар, уште подалеку до Москва или многу подалеку до Индија. Тито замина во историјата?!? Оу јеа и таму ќе остане уште долго. На крајот се извинувам поради невидениот медиумски терор кои сите заедно го трпиме поради најважните споредни работи на светот - а не е фудбалот.

А сега, ајде да делуваме.“ - напишала Саша Броз.