Балкан
25. February 2016 - 15:52

Сараево ќе гради споменик во чест на Холбрук

Градскиот совет на Сараево ја поддржа иницијативата на заменикот претседавач на Градскиот совет Миро Лазовиќ, за покојниот американски дипломат Ричард Холбрук да „добие адекватно спомен обележје во градот Сараево“.

Како што пренесува Фена, на вчерашната седница на Градскиот совет на Сараево советникот Лазовиќ ја поднел иницијативата да му се оддаде почест на Холбрук со цел да се оддаде „признание за неговиот несебичен ангажман за време на агресијата на Босна и Херцеговина и при постогнувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој е воспоставен мир во БиХ“.