Тенис
28. October 2015 - 16:59

Санз поуспешен од Јотовски

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да ја мине првата пречка на фјучрс турнирот во Тунис откако денеска вториот носител Давид Перез Санз оствари победа од 2-0 во сетови.

Првиот сет шпанскиот тенисер Санз го доби со 6-1 во гемови, додека во вториот беше 6-3. Решавачко за победата беше тоа што Шпанецот имаше висок процент на освоени поени на прв сервис, како и искористените брејк топки 7/8, додека Јотовски имаше 3/8.
Јотовски и Дургути утре ќе играат во четвртфиналето во двојки на истиот тутнир во Ел Кантауи.