Санса Старк повеќе не е „сингл“
Kaкo што навршува последната сезона од телевизиската серија „Игра на тронови“, така расте и интересот околу главните актери.
Една од највпечатливите актерки, Софи Тарнер, која ја толкува улогата на Санса Старк, последниве години особено го привлекува машкиот дел од публиката.
Тие беа особено заинтригирани, поради тоа што таа беше слободна, барем досега, бидејќи жолтиот печат деновиве ја поврзува со рагбистот Дени Сипријан. Се работи за славниот убавец кој претходно ги заведе и Кети Прајс, Линдзи Лохан и Кели Брук, но ниедна од овие врски не потраа долго.
Тарнер и Сипријан биле видени во еден бар во јужен Лондон.
- Беа задено во барот околу час, час и половина. Тој очигледно и „се пушташе“, а таа како да немаше ништо против. А, и цело време се држеа за раце и се гледаа в очи. Се чини дека беа среќни и дека им е многу забавно, изјави анонимен извор, кој случајно се нашол во барот.
Социјалните мрежи веднаш потоа се вжештија, а „војската“ обожаватели на серијата и на актерката веднаш му порачаа на Дени добро да ја чува нивната „Санса“, оти во спротивно не му се пишува добро.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација