Сандерс е подоготвен да соработува со Трамп
Демократскиот кандидат, кој отпадна во прелиминарните претседателски избори во САД, Берни Сандерс, и предизвика илјадници млади луѓе со повикот за политичка револуција, ветувајќи бесплатно високо образование и здравствено осигурување за сите, изрази подготвеност за соработка со новиот претседател Доналд Трамп по одредени прашања, ако тој навистина сака подобар живот за работничките семејства.
- Доналд Трамп го користи гневот на западната средна класа, на која и е доста од економијата на врхушката, политиката на врхушката и медиумите на врхушката, истакна независниот сенатор.
- Ако Трамп навистина планира да води политика за подобрување на животот на работниците во земјата, јас и другите лица кои се прогресивно настроени, сме подготвени да соработуваме со него, објасни Сандерс.
- Сепак, ако тој одлучи да води расистичка, сексистичка, ксенофобична и антиеколошка политика, ние ќе му дадеме енергичен отпор, предупреди тој.
- На луѓето им е доста да работат повеќе, а да заработуваат помалку, да гледаат како работниците заминуваат во Кина и други земји со ниска заработувачка, да не можат да го платат високото образование на нивните деца, милијардерите да не ги плаќаат федералните даноци и сето тоа, за да можат богатите да се збогатат уште повеќе, потенцира Сандерс.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара