Санадер е на слобода по три години затвор
Поранешниот хрватски премиер и поранешен лидер на Хрватската демократска заедница Иво Санадер вчера беше пуштен од затвор, откако отслужи три години од пресудата за злоупотреба на должноста.
- Задоволен сум поради тоа што Хрватска има инстанци, кои покажаа дека бевме во право. Не сум задоволен од фактот дека вакво нешто може да се случи во Хрватска, рече Санадер при излегувањето од затворот Реметинец.
- Нема да ја коментирам политиката, тоа заврши. Немам никакви политички амбиции, рече тој и додаде дека го посетиле странски политичари.
Врховниот суд на Хрватска ја укина третата и последна пресуда за корупција против Санадер, со што се овозможи негово излегување од затворот.
Санадер беше осуден за земање мито во неколку случаи. Последната пресуда од девет години затвор за земање мито од 15,3 милиони куни (2,2 милиони долари) беше укината на истите основи, како и претходните, односно дека процесот бил неправеден.
Санадер, кој беше премиер два пати, во 2003 и 2011 година поднесе оставка кон средината на вториот мандат под притисок на многубројните истраги против него.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација