Ракомет
5. јуни 2017 - 9:17

Самсоненко: Ваква среќа не сум доживеал

На спонзорот и сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко конечно му се исполни сонот да освои европски трофеј со Вардар, во овој случај со ракометарите:

„„Ова чувство не се опишува. Титулата е круна на добрата работа на сите во Вардар. Никогаш не сум бил посреќен. Трофејот и го посветуваме на Македонија. радувајте се со нас на големата победа. И пресреќен сум што македонскиот народ е на улиците и го слави историскиот успех на Вардар. Ракометарите ги заслужуваат сите почести. Тие се момци со големо срце и покажаа како се гине за клупските бои“, изјави Самсоненко за „Македонски спорт“