Свет
23. May 2017 - 17:14

Самоубиствен бомбашки напад на концерт во Манчестер - Најмалку 22 мртви и десетици повредени млади лица

Повици за помош, ужасни слики, битка да се стигне до најблискиот излез. Откако згаснале светлата во арената Манчестер се слушнала силната експлозија. 22 мртви и стотина повредени потврди истрагата. Најголемата забава за илјадници кои беа дел од концертот на Аријана Гранде за миг се претвори во најголем ужас за кој одговорноста ја презеде исламска држава. .

Полицијата во Манчестер потврди дека експлозијата која однесе 22 живот била импровизирана направа која била сокриена во  кеса со храна. Британската премиерка Тереза Меј потврди дека безбедносните служби го знаат идентитетот на извршителот, а чинот го наречен болен и ужасен терористички напад, порачувајки дека тероризмот никогаш нема да победи над вредностите на британското општество.

Во македонската амбасада во Лондон велат дека нема пријава за повредени македонски државјани, посочувајки дека во Манчестер живее малубројна македонска заедница.

Во синоќешниот напад Аријана Гранде ја прекина својата светска турнеја, а на својот твитер профил напиша: Скршена, од дното на моето срце, многу ми е жал. Немам зборови.

На концертото на ѕвездата со светска слава најголемиот дел од присутните биле тинејџири.

На социјалните медиуми веќе се појавија и написи од социјалните мрежи за наводна најава на нападот од страна на активистите на ислмска држава. Безбедносната служба МИ5 посочи дека е целосно фокусирана на истрагата. 

Сочуство до семејствата на загинатите и осуда за нападот упатија сите светски лидери. И кралицата Елизабета упати сочуство и благодарност до жителите на Манчестер кои ја покажале хуманоста во ваков варварски чин.