Македонија
15. April 2016 - 8:57

Самостојна изложба на Владимир Георгиевски

Во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде отворена самостојна изложба на Владимир Георгиевски насловена како „Пасја по Дон Кихот - Слики картони акварели“. 

Изложбата е посветена на дон Мигуел Сервантес 1616-2016, а ќе ја отвори Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот за аудиовизуелни студии ЕСРА. Се одржува со поддршка на Амбасадата на Шпанија во Скопје и Асоцијацијата за култура ИКОН.