Македонија
1. November 2016 - 8:56

Самостојна изложба на Мифтар Мемети

Во Чифте амам вечер ќе биде отворена самостојна изложба на Мифтар Мемети. Неговите дела се слики на настани.

- Сликите на Мемети се вистинска експресивно-лирска проповед, носталгичен бран од минатото и сведоштва за времето, носталгија пропратена со топлина во душата, впечатоци за поминатото детство, време во кое поминале најубавите и најсреќни детски денови. Сликарство, кое со право може да се сврсти во групата на сликари-хроничари на времето и покрај силно акцентираната експресија со плохи и лирски нагласки, соопшти Националната галерија на Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 14 ноември.