Македонија
4. January 2018 - 16:19

Само Дрисла е откриен загадувач, градот не најавува нови мерки

Државниот инспекторат и покрај ноќните вонредни контроли не успеа да открие кој го загадува Скопје. Во координација со општинските и инспекторите на ресорното министерство, успеале да откријат незаконско работење само во Дрисла. Ги повикаа  граѓаните и натаму да пријавуваат оган на отворено на 193, а за дивите депонии и палење на разни материјали кои го загадуваат воздухот велат не се надлежни.

За 60 проценти е зголемен буџетото на инспекторатот за оваа година. Директорот најави нови вработувања кои според него ќе допринесат за поефикасен надзор во иднина.

Градот Скопје пак  не планира да се намали прагот на толеранција за преземање на итни мерки за загадувањето.  Шилегов смета дека два дена се  сосема доволни со оглед дека во минатото овој период бил многу подолг.

Ветерот помогна во расчистување на смогот во кој секојдневно се гушат скопјани. Енормно високи концентрации на ПМ10 честички беа измерени на почетокот од оваа година. Скопје и Тетово се на врвот на листата најзагадени градови според европската мерна станица.

Граѓаните бараат  загадувањето воопшто да не се толерира, туку да се преземаат суштински мерки бидејќи трпат штети по здравјето. Дека бројот на пациенти се зголемува потврди вчера и директорот на клиниката за пулмологија. Мерките на градот Скопје кои стапија на сила во пресрет на новогодишните празници, траеја не цели два дена.