Фудбал
20. January 2018 - 10:11

Само бод за Борусија Дортмунд на гостувањето кај Херта

 
 Екипата на Борусија Дортмунд освои само еден бод во дуелот со Херта на гостувањето во Берлин. 
 
Воведниот натпревар од 19.коло во германската Бундес лига, меѓу Херта и Борусија Дортмунд заврши без победник 1-1. 
 
Двата гола беа постигнатио во вториот дел. Уште на стартот на полувремето, односно во 46.минута домаќините поведоа со погодокот на Давие Зелке. 
 
По примениот гол фудбалерите „милионерите“заиграа поангажирано, а таквата игра донесе израмнување во 71.минута со голот на Шинџи Кагава. До крајот на мечот Борусија се обиде да стигне и до втор гол и победа, но не фудбалерите од Дортмунд, не успеаа вторпат да го совладаат домашниот голман Крафт
 
Со освоениот бод Борусија се искачи на третата позиција на табелата со 30 бода колку што има и четврто рангираниот Шалке кој в недела против Хановер ќе го одигра својот меч од оваа рунда.