Фудбал
23. November 2017 - 9:13

Само Барселона го потврди пласманово во осминафиналето

 
Откако синоќа беа одиграни шест средби во Лигата на шампионите, со кои беше комплетирано претпоследното 5.коло во групната фаза само екипата на Барселона го потврди својот пласман во осминафиналето. 
 
Каталонците одиграа без голови (0-0) на гостувањето во Торино протов Јувентус, а со освоениот бод и првото место во Д групата во која за втората позиција во игра останува и Спортинг кој има бод помалку од Јувентус. 
 
Претходно Челзи со убедливиот триумф над Карабах 4-0, осигура пролет во ЛШ, од групата Ц во која Атлетико со победата над Рома 2-0 сеуште е во трка за втората позиција, бидејќи „јорганџиите“ имаа два бода помалку од „волчицата“. 
 
Поразот на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Базел со 1-0, ја остави отворена ситуацијата за двата патници во топ-16 од а групата во која „црвените ѓаволи“ имаат три бодови предност во однос на Базел и ЦСКА Моква пред одигрувањето на дуелите од последното 6.коло.
 
ПСЖ и Баерн забележаа нови победи над Селтик (7-1) и Андерлехт (2-1), но и без нив францускиот и германскиот тим веќе имаа обезбедено осминафинале. 
 
Средбите од последно 6.коло ќе се играат на 5 и 6 декември.