Македонија
28. December 2015 - 16:22

Само 2,5% од поднесените тужби против Република Македонија во Стразбур завршуваат со пресуди против државата

Само 2ипол проценти од поднесените тужби против република МАкеоднија пред судот за човекови права во Стразбур завршуваат со пресуди против државата. Статистиката за 2015та покажува драстично намалување на повредите на правата на граѓаните, велиз а Сител владиниот агент за застапување пред европскиот суд.

- Во 2013та и 2014 се поднесени во просек по околу 500 до 550 апликации на годишно ниво. Од нив во 2015та донесени се 12 пресуди условно кажана против државата. Тоа значи дека државата пред Европскиот суд за човекови права загубила во околу 2ипол проценти од предметите. Во останатите било утврдено дека нема повреда на правата на граѓаните, изјави Коста Богданов, владин агент пред ЕСЧП.

И сумите кои државата ги исплаќа како надомест на штета се драстично помали споредено со земјите од регионот па и со голем дел од земјите членки на Европската Унија. За споредба, Албанија лани исплатила над 8 милиони евра, додека Република Макеоднија е задолжена нешто пповеќе од 90 илјади евра.

- Макеоднија треба дса исплати 93 илјади евра по овој основ. Тоа е далеку понизок износ од многу други европски из емји од регионот. За споредба Србија во 20-14та исплатила 2 милиони и 700 илјади евра, Малта над 2 милиони евра, Албанија во 2014та нешто над 8 милиони евра. Хрватска речиси половина милион евра, изјави Коста Богданов, владин агент пред ЕСЧП..-

Во изминатите 6 месеци се поднесени акциони планови за извршувањето и постапувањето по претходно донесените пресуди против државата.

 Пет предмети  се веќе  затворени од Комитетот на министри на Советот на Европа а за останатите се очекува да бидат заклучени во март идната година.

Бројот на апликанти и натаму не е низок но тоа според надлежните е резултата на се поголемата свесност за сите права кои ги штити Европската конвенција за човекови права.

На 7ми јануари се очекува судот да донесе пресуда за 5темина разрешени судии кои се жалат на постапките пред Судскиот Совет и Врховниот суд.