Бизнис
18. May 2016 - 19:49

Само 2% од жените во Македонија се на раководни позиции во големите компании

Повисоки субвенции за развивање на женското претприемништво бараат жените од бизнис заедницата. Поддршката што ја дава државата за оваа намена е многу мала, поради што е потребно да се издвојат повеќе средства.Последните статистички податоци покажуваат дека само 2 отсто од жените во земјава се на менаџерски позиции во големите компании. 

Иако споредено со минатите години бројот на жени менаџери расте, помалку од 4 % се сопственици на бизнис. Над 30 % од приватните фирми се во нивна сопственост. Но освен што нивниот бизнис споро се развива, тие се и помалку платени од мажите.

Како главни причини за ова од бизнис заедницата ги посочуваат слабата економска моќ, предрасудите како и семејните обврски.

Жените менаџери се главно присутни во финансискиот сектор, образованието, агробизнисот, текстилната индустрија, ИТ, како и медицината. Процентуално бизнис успехот кај женската половина, е поголем од оној кај мажите.