Бизнис
14. November 2017 - 19:42

Само 10% од компаниите не исплатиле минималец од 200 евра

Само 10 проценти  од компании не исплатиле повосок минималец. Околу 2300  фирми аплицирале за држваната помош за покривање на трошоците за исплатат на мнинимална плата во септември. Оваа бројка е помала од очекуваната, што според министерството е уште еден доказ дека компаниите имаат доволно пари за да исплатат повисоки плати.

За бизнис секторот пак слабиот интерес  за  субвенциите е очекуван затоа што  надоместокот кој го дава држвата е помал од трошокот  кој  тие ќе треба да го направат за исплата на останатите плати. Велат паралелно покачување треба да добијат и вработените со повисоки примања во српотивно ќе се создаде урамниловка односно платите на вработените со ниско образование ќе се изедначат со примањата на нивните колеги со високо образование.

 Не е проблем да исплатиме минимална плата проблем е да се најдат пари за исплата на другите палти кои паралелно со минималецот треба да се зголемат и тие се повисоки примања.  Во тој случај државната субвенција е помала од она што како троко ќе го направи компанијата , рече Маријана Перковска текстилен кластер

Од министертвотот за труд повторно ги повикаа  работницте да се охрабрат и да ги пријават работодавачите кои ќе го побараат минималецот назад. Само така ќе се спречат газдите да го злоупотребуваат зкаонот за минимална плата.  Министерството за труд  тврди дека  ќе  го заштити секој работник кој  ќе пријави ваков случај и секое незаконско однесување нема да се толерира.

Пред да се досенат измените во законот  проценките беа дека 130 илјади работнции треба да добијат минималец од 200 евра.