Свет
24. March 2017 - 13:14

Самитот на НАТО закажан за 25 мај во Брисел

Следниот самит на НАТО ќе се одржи на 25 мај во Брисел, соопшти денеска Алијансата.

- Собирот ќе биде значајна можност челниицте на НАТО да донесат одлука за тоа како можеме дополнително да ги подобриме нашите напори во борбата против тероризмот, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој нагласи дека на Самитот ќе стане збор и за „праведна распределба на товарот во рамки на Пактот“.

- Ќе разговараме за тоа што треба да се напрви за да се исполнат ветувањата дадени од страна на земјите членки за поголемо и подобро вложување во одбраната, истакна Столтенберг,

Првиот човек на Алијансата додаде и дека се очекува американскиот претседател Доналд Трамп на Самитот „да посвети големо внимение на праведната распределба на товарот“ за финансирање на НАТО.

Според претходните најави, во рамки на Самитот ќе се одржи и церемонија на свечено пуштање во употреба на новото седиште на НАТО, кое ќе се наоѓа спроти сегашната централа на Алијансата.