Бизнис
16. October 2017 - 17:34

Самит 100: Регионот има шанса да се постави како лидер на зелена мобилност во рамки на Европа

Додека Европа се подготвува за поголема примена на електрични возила, Западниот Балкан нема патишта кои брзо и лесно ќе ги врзуваат земјите. Инфратсуктурата е главен проблем во овој дел на Европа, а нејзиното подобрување е топ треба на овогодинешниот Самит 100. Пораката од учесниците на самитот е поврзување на земјите и компаниите за да станат поконкурентни на глобалниот пазар.

Европската унија ги поттикнува земјите од регионот да вложуваат во инфраструктурата и за таа намена подготвен е пакет од 108 милиони евра ки преку ИПА фондовите треба да влезат на Балакнот.

Освен поврзување на регионот му треба и побрзо интегрирање во Унијата, вели претседателот Иванов кој беше специјален гостин на Самитот. Само интегриран Балкан со големи компании управувани на мо0дерен начин ќе ги запре младите да заминуваат од своите земји.

Самитот 100 продолжува и утре. На него учествуваат над 170 бизнис лидери од најголемите компании од регионот, а го следат над 100 медиуми од балканските земји. Утре пред затворањето  на самитот за можностите за подобро поврзување на регионот ќе дебатираат и премиерите на Македонија, Црна Гора, Босна и Албанија.