Бизнис
17. October 2017 - 21:46

Самит 100: Компаниите од регионот ќе имаат успех на глобалниот пазар само со заеднички настап

Компаниите од западен Балкан имаат капацитет да излезат на глобалниот пазар. Ако настапуваат заедно, можат да бидат конкурентни. Соработката меѓу овие земји расте и тие се политички стабилни што е основен услов за економски раст од околу 5% кој ќе овозможи нзголемување на животниот стандард.

Премиерите од Макеоднија, Албанија, Босна и Црна Гора пред бизнис лидерите на Самит 100 се заложија да дадат поддршка на компании. Ќе вложуваат во подобрување на инфраструктурата за земјите подобро да се поврзат, но и на намалување на царинските бариери за стопака полесно да стигнува до крајната дестинација.

Политичката стабилност, добрата поврзаност и намалувањето на административните процедури ќе го направат Балканот атрактивен и за странските инветситори.

Самитот 100 овие денови се одржуваше по шести пат, а домаќин беше Скопје.  Оваа уникатна иницијатива обединува над 150 бизниси лидери од регионот кои потпишаа меморандум за соработка и со коморскиот инвестициски форум каде членуваат најголемите компании од овие земји.