Кошарка
29. July 2015 - 20:51

Самарџиски: Против сите ќе играме максимално, 150% за да ги победиме

Повратникот во кошаркарската репрезентацијата на Македонија, Предраг Самарџиски, кој минатата година поради повреда ги пропушти квалификациите, верува дека ниту еден противник на „црвено-жолтите„ на Евробаскетот не може да се смета за фаворит.
 
- Погрешно е да се фокусираме само на еден, два, натпревари. Без разлика против кого играме, почнувајќи од Грција, па се до последниот меч во Загреб, ќе играме за да победиме. Тоа беше нашиот пристап во Литванија пред четири години, и сметам дека и сега размислуваме така. На секој меч ќе го дадеме максимумот и верувам дека тоа ќе ни донесе резултат’’, изјави искусниот центар кому ова ќе му биде четврти настап на завршницата на ЕП.
 
Самарџиски за фаворити во загрепската група ги смета домаќинот Хрватска и селекцијата на Грција,  но смета дека „црвено-жолтите„ се кадарни да ги победат, потсетувајќи на Евробаскетот во Литванија 2011-година, кога нашата репрезентација одигра најдобро токму против овие две репрезентации и ги совлада во првата фаза на шампионатот.
 
-Така беше и во 2011 година, Хрватска и Грција беа фаворити, но ние токму против нив одигравме најдобро и ги совладавме. Самите си покажавме дека вредиме и дека може да се носиме против секого и како први продолживме во наредната фаза. Сега сме во иста ситуација, па не гледам причина зошто да не се повтори тоа“, заклучи репрезентативецот на Македонија.