Балкан
18. October 2016 - 14:09

Сале Мутави знаел дека му се спрема ликвидација: Носел панцир но изрешетан е со 60 куршуми во глава

Убијците на водачот на навивачите на Партизан се доближиле до него на само неколку метри. Ликвидиран е во својот автомобил „Ауди А6“, а не го спасил ни панцирот што го носел бидејќи бил застрелан со  куршуми во главата.
 
Убиството го организирале припадниците на Шкаљарскиот клан од Котор. На Александар пукале двајца навивачи од „калашников“ и според начинот на ликвидација, станува збор за вистински професионалци.
 
Напаѓачите биле скриени во грмушка, а кога слушнале свирче истрачале во моментот кога Александар застанал на семафор.
 
Според информациите кои вчера ги пренесоа српските медиуми, главата на Сале Мутави била речиси откината од телото, бидејќи во тој предел има примено околу 60 куршуми.