Loading Video...
Фудбал
30. December 2017 - 18:11

Салах со два гола му донесе пресврт победа на Ливерпул

 
 
Со два гола на Мохамед Салах и пресврт во вториот дел, екипата на Ливерпул го победи Лестер со 2-1 во дуел од 21.коло на Премиер лигата одигран попладнево на „Енфилд“. 
 
Иако гостите со голот на Џејмс Варди уште во  3.минута поведоа со 0-1, сепак во вториот дел Ливерпул благодарение на головите на Мохамед Салах во  52-та и 76-тата минута успеа да направи комплетен резултатски пресврт и да слави триумф со 2-1. 
 
Од останатите дуели одиграни денеска ја издвојуваме убедливата победа на Челзи со 5-0 над Стоук. 
 
Утре, на последниот ден на оваа година, во Премиер лигата ќе се одиграат утре две средби, Кристал Палас - Манчестер Сити (од 13 часот) и ВБА – Арсенал (ОД 17:30 часот)