Фудбал
9. October 2017 - 9:30

Салах донесе победа за Египет и пласман на СП 2018

Со двата гола на Мохамед Салах од кои вториот во 90+5 минута селекцијата на Египет го победи Конго со 2:1 на дуелот одигран во Александрија. Со овој триумф Египет има недостижна предност во однос на конкурентите од групата Е од африканската зона на квалификации за СП во Русија. Ова за пополарните „фараони“ ќе биде трето учество на Мундијал по 1934 и 1990 година.
 
Салах му донесе водство на Египет во 63.минута, на 1:1 изедначи Бука Муту во 88.минута, за потоа Салах да го постигне и вториот гол.
 
Табела: Египет 12, бодови, Уганда 8, Гана 6, Конго 1.
Пласман од Африка на СП има обезбедено и селекцијата на Нигерија, додека дуелите од последното коло ќе решаваат за првите позиции во другите три групи.