Живот
21. November 2017 - 12:05

Сакала да стане жива Џесика Ребит, еве што направила од себе

Шведската манекенка Пикси не ја крие својата опсесија кон Џесика Ребит.

Таа сака да изгледа исто со овој лик од цртан филм, а на разни зафати до сега потрошила речиси пола милион долари.

Зад нејзината опсесија од константна промена на својот изглед се кријат далеку сериозни причини и психичка несигурност за која проговорила.

"Комплимент за мене е кога ќе ми кажат дека личам на барбика, тоа е она што сакам да го постигнам. Џесика Ребит е за мене идеал на женско тело", рекла истовремено..

Со струк од 40 сантиметри близу е до светскиот рекорд во најтенок струк, мора да изгуби уште два ипол сантиметри. Нејзините мерки моментално изнесуваат неверојатни 96-40-100.

Иако нема назначено кога Пикси ќе застане со интервенциите и дали лекарите ќе престанат да учествуваат во овој "шоу програм" занимливо е дека оваа девојка никогаш не била грда.

Друга секако да, но нејзиниот изглед бил атрактивен и пред сите интервенции.