Бизнис
26. May 2017 - 8:28

Саем за вработување во Штип

Саем за вработување денеска ќе се одржи во Штип во  организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

На саемот невработените лица од Штип и околината, како и другите заинтересирани ќе можат да се запознаат со можностите што ги нудат работодавачите и со потребите на пазарот на трудот.

Во рамки на саемот ќе се одржи Форум за работодавачи и Инфо средба за млади.