Македонија
7. October 2016 - 9:00

Саем за накит и модни додатоци „Накит 2016“

Саем за накит и модни додатоци „Накит 2016“ од денеска до 9 октомври ќе се одржува во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.

Саемот е интернационален и ќе учествуваат  дизајнери од Македонија и регионот, изработувачи на накит, како и автори и уметници од други области кои го користат накитот како форма на уметност и средство за креативно изразување.

Организаторите најавија предавања, презентации и работилници во рамки на саемот.