Свет
7. March 2017 - 9:03

САД засилуваат одбрана од севернокорејски балистики ракети

САД ја засилуваат одбраната против севернокорејски балистички ракети, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Тој даде поддршка за Јапонија и за Јужна Кореја во телефонски разговор со нивните лидери.

САД преземаат дејствија за засилување на способноста да се спротистават на напади од Северна Кореја со балистички ракети и да се одбранат од нив со користење на целиот свој воен арсенал, наведува Белата куќа во соопштение.