САД загрижени од вонредната проверка на борбената готовност на руската армија
САД изразија загриженост од ненадејната проверка на борбената готовност на руските вооружени сили, пренесоа руските медиуми, цитирајќи соопштение на Пентагон.
-Го видовме соопштението на руската војска за тоа дека почнува ненајавени воени вежби. Очекуваме Русија да ги почитува сите обврски и ветувања во рамки на склучените спогодби за контрола на вооружувањето и мерките за доверба, и на соседните земји да им обезбеди соодветни гаранции и транспарентност во однос на големината и карактерот на овие активности, изјави портпаролката на американското Министерство за одбрана Мишел Балданѕа.
Според неа, „ненадејните проверки на борбената готовност во Русија често пати се прават пред масовни воени вежби, а во врска со планираната вежба „Кавказ-2016“ ние внимателно ја следиме ситуацијата“.
Портпаролката, исто така, изрази „длабока загриженост“ за растечкото насилство во источна Украина „и близината на руските вооружени сили до Украина, со оглед на директното учество на Русија во конфликтот во Донбас“, забележуваат руските медиуми.
Освен тоа, додаде таа, „знаеме, исто така, дека Русија воените вежби ги користи за прикривање на разместувањето на оружје во Украина“, рече Балданѕа.
Ново на Сител
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван