Свет
5. December 2017 - 21:58

САД воведоа ограничување на движењето на дипломатскиот персонал во Ерусалим

САД денеска им забранија  на американските владини службеници какво било движење од лични причини во Стариот град на Ерусалим поради очекуваните протести на Палестинци против намерата на претседателот Доналд Трамп да ја премести амбасадата од Тел Авив во Ерусалим, информира Стејт департментот.

Забраната важи и за Западниот брег - палестинска територија, окупирана од Израел и соседна на Ерусалим. Дозволени се само службени движења од суштинско значење, придружени со дополнителни мерки за безбедност, прецизира Стејт департментот