Фудбал
11. July 2015 - 10:15

САД во 1/4 финалето на ,,Голд купот"

Фудбалската репрезентација на САД избори пласман во четвртфиналето на „Голд купот“, откако ноќеска ја победи селекцијата на Хаити со 1:0. Стрелец на единствениот гол во 46.минута беше Клинт Демпси, кој беше стрелец и на двата гола во првото коло за американскиот состав.

 
На вториот натпревар од групата А Хондурас и Панама одиграа нерешено 1:1. Панама поведе преку Луис Техада во 21.минута, а изедначи Енди Нахар во 81.минута.
 
На табелата САД се први со 6 бодови, Панама има 2, Хондурас и Хаити по 1.
 
Вечерва се играат натпреварите од второто коло од групата Б: Јамајка – Канада и Костарика – Салвадор.