Loading Video...
Свет
2. јуни 2017 - 18:41

САД вчера излегоа од договорот од Париз за борба против климатските промени, а светот од синоќа е на нозе

Ако САД не сака, не мора да  биде дел од Парискиот договор за борба против климатските промени. Договроот од 2015 година прифатен од речиси 200 земји ќе остане на сила. Нема да има нови преговори за договорот ниту  пак нов договор. Вака лидерите на Германија, ФРанција и Веклика Британија реагираа по одлуката на ТРамп да ги повлече соединетите американски држави од глобалниот договор.

-Ја почитувам одлуката, иако мислам дека е грешка како за САД така и за целата планета. Парискиот договор останува на сила и тој ќе биде имплементиран не само од ФРанција туку и од сите други нации. Без разлика кои сме и каде живееме сите ја делиме истата одговорност. Да ја направиме нашата планета повотрно голема, порача  Емануел Макрон претседателот на Франција.

Од ЕУ порачаа дека ова е тажен ден за светот, а од Он  дека  одлуката на американскиот претседател претсавува големо разочарување.

– Големо разочарување за глобалните напори за намалување на емисијата на штетни гаосви и за промовирање на глобалната безбедност, порача портпаролто на ОН, Стефан Дижарик .

И покрај аплеите од светските  лидери и од активистите за заштита на животната средина, Доналд Трамп си го кажа своето

- За да ја исполнам обврската за заштита на Америка и нејзниот народ, САД ќе се повлечат од Парискиот климатски договор, ноќе почнат преговори за повторно влегување или создавање нов дооговр со услови кои им одоговараат  на американските бизниси, работниците, граѓаните и даночни обврзници, порача претседателот на САД,  Доналд ТРамп.

Одлуката ја кртитикуваше и претходникот на ТРамп,Барак Обама  како и илјадници Американци кои се собраа пред Белата куќа.

Согласно договорот во Париз , САД,  требаше  до 2025 година да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид и да го зголеми финансирањето на фондот за помош на земјите во развој за нивната борба против климатските промени. Инаку по Кина, САД се втор најголем загадувач во светот со штетни гасови.