Свет
14. December 2016 - 11:48

САД: Сенатот следниот месец ќе ги разгледа руските хакерски напади

Комитетот на американскиот Сенат за надворешни односи планира во првата недела од следниот месец да одржи затворен брифинг, како и јавна седница, во врска со руските хакерски напади, изјави портпарол на републиканскиот претседател на Комитетот, сенаторот Боб Коркер.

Комитетот планира системски да го разгледа ова прашање и прво ќе почне со брифинг зад затворени врати.

Портпаролот додаде дека потоа ќе се одржи и јавна седница на сенатскиот Комитет.