Македонија
22. November 2016 - 9:09

САД: Руските ракети во Калињинград ја дестабилизираат Европа

Стејт департментот вчера соопшти дека руското поставување на ракетните системи за воздушна одбрана Д-400 и балистичките ракети Искендер во руската енклава Калињинград „ја дестабилизира европската безбедност“.

Соопштението на Стејт департментот е одговор на извештаите кои се повикуваат на претседавачот на Комитетот за одбрана на Горниот дом на рускиот Парламент.

- Русија се закануваше дека ќе ги премести своите ракети Искендер во Калињиград во изминатите 10 години како одговор на разни случувања во Европа, од кои ниту едно не бара таков воен одговор. Ја повикуваме Русија да се воздржи од зборови или дела кои не се во согласност со целта - промовирање на безбедност и стабилност, истакна портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.