Свет
4. February 2016 - 8:46

САД: Русија врши напади врз цивили и опозицијата во Алепо

САД вчера ги осудија руските воздушни напади врз сирискиот град Алепо и неговата околина, тврдејќи дека нивна цел биле опозициските групи и цивилите.

Вашингтон нагласи дека таквите руски напади ги поткопуваат напорите за воспоставување мир во Сирија. 

- Мошне е тешко да се сфати како нападите врз цивилни цели придонесуваат за мировниот процес, изјави потртпаролот на Стејт департментот Џон Кирби, откако мировните преговори за Сирија вчера во Женева беа одложени за 25 февруари.