Свет
11. July 2017 - 8:30

САД првпат поставија на Балтикот систем за ПРО со ракети „Патриот“

САД поставија систем за противвоздушна одбрана со ракети „Патриот“ во Литванија. Тоа е првпат таков модерен систем на ПРО да биде поставен во балтичкиот регион, каде Русија има надмоќност во воздушниот простор.

Противракетниот систем ќе биде употребен на воената вежба на НАТО, која почнува денеска и ќе трае до 22 јули, соопшти литванското Министерство за одбрана.

- Поставувањето на овој систем го демонстрира одлучниот ангажман на САД кон безбедноста на Литванија и подготвеноста да се испратат стратешки ресурси во регионот, се наведува во соопштението.

Литванија, Летонија и Естонија имаат само противвоздушни ракети со мал дострел, кои не можат да ги заштитат нивните воздушни пространства при евентуални воени дејства.