Свет
13. April 2017 - 21:01

САД: По грешка убиени 18 припадници на Сириските демократски сили

Во денешниот воздушен напад по грешка се убиени 18 припадници на Сириските демократски сили јужно од градот Табке во Сирија, соопшти Пентагон.

- Нападот е извршен по барање на партнерските сили, кои ја идентификувале локацијата како борбена позиција на џихадистичката група Исламска држава, се наведува во соопштението на Пентагон.

Било утврдено дека локацијата е всушност истурена борбена позиција на Сириските демократски сили.