Свет
23. March 2018 - 9:30

САД одобрија продажба на оружје за милијарда долари за Саудиска Арабија

Американската администрација објави дека дале одобрување за договори за продажба на оружје со вкупна сума поголема од милијарда долари за Саудиска Арабија чиј принц е во посета на САД.

Главниот договор се однесува за продажба на 6.600 противтенковски проектили за 670 милиони долари, додека другите договори се однесуваат за одржување хеликоптери (103 милиони долари) и резервни делови за неколку видови возила (300 милиони).

Прелдожената продажба ќе ја поддржи американската надворешна политика и целите на националната безбедност со подобрување на безбедноста на пријателска држава која беше и продолжува да биде важна сила за политичка стабилност и економски раст на Блискиот исток, соошти Стејт департментот.