Свет
9. September 2017 - 9:06

САД немаат податоци за терористички закани на годишнината од 11 септември

Американските специјални служби не располагаат со податоци дека против САД се подготвуваат некакви големи напади во врска со годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година, изјави помошникот на претседателот за прашањата за борба против тероризмот Том Босфорт.

- Засега нема реални закани од страна на терористите, за кои би било потребно да се преземат дејствија, рече Босфорт.