Свет
9. December 2016 - 8:54

САД не сакаат странски делегации на инаугурацијата на Трамп

САД денеска побараа од другите држави да се воздржат од испраќање свои делегации на инаугурацијата на новизбраниот претседател Доналд Трамп.

Како што пренесуваат американските медиуми, во дописот до амбасадите ширум светот Стејт департментот наведува дека на 20 јанаури специјалните странски делегации не треба да се упатуваат во Вашингтон на церемонијата на стапување на должноста на новиот претседател на САД.

Ваквите насоки се во согласност со долгогодишната пракса на претседателски инаугурации, изјави претставник на Стејт департментот, кој сакаше да остане анонимен бидејќи не бил овластен да зборува за интерната дипломатска комуникација.

На свеченоста се повикани странските амбасадори во Вашингтон, додаваат американските медиуми.