Свет
17. October 2017 - 9:23

САД не исклучуваат можност за директни разговори со Северна Кореја

САД не ја исклучуваат можноста за директни разговори со Северна Кореја, изјави денеска заменикот на американскиот државен секретар, Џон Саливан.

- Не ја исклучуваме можноста за директни разговори, истакна Саливан по средба со јапонскиот колега, заменик министерот за надворешни работи Шинсуке Сугијама.

По посетата на Јапонија, Саливан ќе отпатува во Јужна Кореја, пред очекуваната обиколка на регионот следниот месец од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, во момент кога се зголемени тензиите поради нуклеарните и ракетните проби на Пјонгјанг.