Свет
8. October 2015 - 9:05

САД: Над 90 отсто од руските напади во Сирија се врз опозициски групи

Над 90 отсто од ударите на руските ВВС во Сирија се насочени не кон ИД и Ал Каеда туку против сириската опозиција, изјави Џон Кирби портпарол на Стејт департментот.

- Над 90 отсто од нападите не беа насочени кон Исламска држава или терористи поврзани со Ал Каеда. Воздушните удари се насочени во најголем степен против опозициски групи кои сакаат подобра иднина за Сирија и не сакаат да го видат режимот на Асад, изјави тој.

Кирби одново повтори дека според САД, Русија прави грешка.

- Бидејќи не само што ги зголемуваат религиозните тензии во Сирија, тие веројатно продлабочуваат религиозни несогласувања и во самата Русија. Тоа е голем ризик, наведе Кирби.

МО на Русија вчера соопшти дека има основани сомневања дека нападите на американските ВВС и други држави во Сирија не се нанесуваат врз терористички цели.

- Американските и други ВВС извршуваат напади веќе долго време, но ние имаме сомневања дека...многу често не таргетираат терористички цели, изјави портпаролот на Министерството генерал-мајор Игор Конашенков.