Свет
2. November 2017 - 20:42

САД може да покренат обвиненија против руски претставници поради кибер напади

Американското Министерство за правда обезбедило сериозни докази за покренување на обвинение против шестмина руски владини претставници за вмешаност во кибер напади извршени врз компијутерите на Националниот комитет на Демократската партија за време на минатогодишните претседателски избори во САД. 

Според анонимни извори на „Волстрит џурнал“, кои се запознати со истрагата, Обвинителството може делото да го предаде на суд следната година. 

Федералните агенти и обвинители во Вашингтон, Филадејфија, Питсбург и Сан Франциско соработуваат во истрагата за случајот за кибер нападите во компијутерите на Националниот комитет на Демократската партија и електронската пошта на Џон Подеста, шефот на изборниот штаб на демократската кандидатка Хилари Клинтон. 

Американските разузнавачки служби оценуваат дека руските разузнавачки служби се виновни за кибер нападите. 

Доколку бидат покренати обвиненија ќе стане јасно кој точно стоел зад кибер нападите, оценува „Волстрит џурнал“.