Свет
24. September 2017 - 14:31

САД лансира нов шпиноски сателит во земјината орбита

Од американската воздухопловна база „Ванденберг“ во Калифорнија синоќа е лансиран шпионски сателит на Вооружените сили на САД, објавија денеска американските медиуми, повикувајќи се на воени извори.
 
Сателитот бил лансиран во земјината орбита со ракетата-носач „Атлас-5“ и веќе е поставен на предвидената локација.
 
Засега нема детали за сателитот НРОЛ-42, но се претпоставува дека тој ќе има задача да прибира разузнавачки податоци за потребите на американската национална безбедност.
 
Според интернет порталот „СпејсФлајт“, примарна задача на сателитот најверојатно ќе биде следење на евентуални лансирања на ракети на Северната полутопка на Земјата.