Свет
24. October 2017 - 9:45

САД им забраниле на руски дипломати да влезат во конзулатот во Сан Франциско

Властите на САД не им дозволиле на руски дипломати да влезат во зградата на Генералниот конзулат во Сан Франциско и да ја земат архивата, соопшти руската Амбасада во САД на својата интернет страница.

- Властите на САД не ни дозволија да влеземе во зградата на рускиот Генерален конзулат во Сан Франциско, кој со нивна одлука е затворен на 2 септември оваа година, за да ја изнесеме конзуларната архива. Наместо тоа, сами ја спакувале и ја преселиле во Вашингтон, се наведува во соопштението на Амбасадата.