Свет
16. December 2015 - 8:53

САД и Сирија продолжуваат со разговорите за Сирија в петок во Њујорк

САД и Русија ќе ги продолжат разговорите за сирискиот судир в петок во Њујорк, изјавија шефовите на дипломатиите на тие две држави, Џон Кери и Сергеј Лавров по средбата во Москва.

Рускиот министер реше дека претстојниот состанок ќе биде на министерско ниво. Дел од разговорите вчера ги водеше рускиот претседател Владимир Путин.

Кери наведе дека САД и Русија ќе продолжат да бараат решение за сириската криза на состанокот в петок во Њујорк.

САД и Русија поддржуваат сувереност на Сирија за да се избегне понатамошна дестабилизација на регионот. Тие се согласни и дека терористичката организација Исламска држава мора да биде уништена.